За проектот
Многу од придонесите доаѓаат од растечкото движење познато како „Mumpreneurs“, кое се однесува на мајки кои водат сопствен бизнис. Имајќи го ова на ум, главната цел на овој проект е да ги обучи обучувачите за посветени на образование за возрасни и да ги подготви за поддршка на професионално неактивни мајки, кои сакаат да го подобрат и нивниот личен развој и да развијат претприемачки начин на размислување. Како резултат на обуката, мајките не само што ќе ја подобрат нивната вработливост, туку и ќе го зајакнат своето учество во граѓанскиот и општествениот живот. (Препораки на Европскиот совет за клучните компетенции за доживотно учење 2018 година).
Според истражувањата, мајките се соочуваат со голем број предизвици како што се грижата за децата, економската состојба, дискриминација на работното место заради породилното отсуство, рамнотежата помеѓу работата и семејството, недостатокот на време и можности за дополнително образование итн. Овие фактори претставуваат пречка или предизвик кога станува збор за нивното враќање на работното место по завршувањето на породилното отсуство.
Мајките кои се соочуваат со комбинација на предизвици и бариери, како што се самостојна грижа за деца, миграција, семејно насилство, попреченост и ниско ниво на економска независност, имаат поголем ризик да бидат жртви на како што се дискриминација, социјална исклученост и акултурација.
Оваа иницијатива произлезе од визиите и мисиите на партнерските организации кои идентификуваа значителен јаз во областа, за тоа како адекватно да се поддржат мајките кои сакаат да ги развијат своите претприемачки вештини, знаење и свесност. Две од партнерските организации во своите земји работат искслулително на родовите прашања и имаат богати знаења и експертиза за тековните потреби на жените, мајките, како и за празнините во образованието, но и најдобрите практики и методи за поддршка на ранливите мајки.

Поддршката на Европската комисија за производството на оваа публикација не претставува одобрување на содржината, која ги одразува ставовите само на авторите. Комисијата не може да биде одговорна за каква било употреба на информациите содржани во неа.
